YouTube воведе голема промена

0

Имено, на корисниците кои не се најавени на сметка на Google, или се во инкогнито режим, веќе не им се прикажуваат препорачани видеа.

Оваа промена значи дека на таквите корисници им се прикажува едноставна почетна страница на YouTube, без никакви видеа или препораки што да гледаат.

Претходно, дури и во горенаведените случаи, YouTube даваше предлози, но сега корисниците само ја гледаат пораката „Започни“ и „Почнете да гледате видеа за да ни помогнете да создадеме feed што ќе ви се допадне“.

Во неколку тестови спроведени од BleepingComputer, оваа специјализирана страница забележала дека, дури и кога се бара нешто на страницата, не се прикажуваат предлози потоа.

Некои корисници се пожалија на социјалните мрежи дека „премногу агресивните“ тактики на YouTube се користат за да ги принудат да создадат сметка, или ако имаат, да се логираат и нивните активности да се следат на платформата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content