СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

АХВ 40 дена молчи за безбедноста на храната во државава

Оливер Ивановски, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со изјава ги повика министерот Љупчо Николовски и в.д. директорот Николче Бабовски да одговорат на четиринаесет дописи кои што се доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство, а се поврзани со безбедноста и квалитетот на храната во државава.

На 15 –ти февруари 2024 година преку Кабинетот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски се доставени 14 дописи до Агенцијата за храна и ветеринарство поврзани со безбедноста на храната. Поради не проследување на информации и нетранспарентност од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се доведува во прашање колку е функционален системот за безбедност на храна односно дали граѓаните во Република Македонија консумираат безбедна храна?“, изјави Ивановски.

Во изминатата година во повеќе наврати Трипуновски и неговиот тим алармираа за увоз на зеленчук со зголемено присуство на пестициди, тешки метали со штетни и трајни последици по здравјето на граѓаните, но и за увоз на млеко и млечни производи со зголемено присуство на канцерогени афлатоксини.

„Министерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство и в.д. Директорот Николче Бабовски се нетранспарентни и ги кријат информациите од граѓаните и се директно најодговорни за руинирање на институциите кои се најповикани за безбедноста на храната. Институциите мора да ја  информираат јавноста за безбедноста на храната и дали храната на полиците во маркетите е безбедна по здравјето на граѓаните“, дополни Ивановски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content