БУДЕЊЕ Утринска програма на Радио Холидеј. Се
емитува секој ден од понеделник до петок од 08.00 до 10.00 часот.Преку
викендот не се емитува. Според видот програмата е инфо-сервис во која
се сместени куси сервисни информации за временска прогноза, времеплов,
состојби во сообраќајот, преглед на дневниот печат, радио берза
(контактна рубрика во која слушателите бесплатно објавуваат огласи ). Во рамките на утринската програма сместени се и првите вести во 09.15 часот. Емисијата се прекинува и со рекламни блокови кои се одделени со џингл “реклами“.
ВЕСТИ
ДОЈЧЕ ВЕЛЕ - Програма на македонски јазик.
АГЕНЦИСКИ ВЕСТИ - Се емитуваат секој ден освен сабота и недела во : 09.15, 10.15 и 14.15 часот.
ИНФО ВЕСТИ - Информативна
емисија во која се емитуваат актулени вести од земјата но приоритет
имаат настаните од локалното подрачје.Се емитуваат секој ден освен
сабота и недела во: 16.15, 18.00 и 19.00 часот.
ФЛЕШ - Куси вести кои се емитуваат секој ден освен сабота и недела во 17.00 часот.
НЕДЕЛЕН ИНФО ПРЕГЛЕД - Информативна
емисија од локален карактер што се емитува во сабота во 16.15 часот. Во
емисијата се прави преглед на настаните што ја одбележале во изминатата
седмица.
ИНФО 10 21
Информативна емисија во траење од 30 минути. Се
емитува во сабота во 10.21 часот. Програма во која се поместени
актуелни настани, изјави и интервјуа со личности од јавниот и
политичкиот живот. Прави анализи на тековни случувања во градот и
земјата.
СТАТИВА
Спортска емисија,типувања и награди. Се
емитува четири пати неделно,вторник,среда петок и сабота. Емисија во
која се презентираат постигнатите резултати од сите спортови со посебен
акцент на достигнувања на светските спортски клубови, снимени изјави на
истакнати спортски работници.
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ?
Образовна емисија во која се
појаснуваат одредни појави или феномени во природата, историски и
географски поими, лексички изрази, астрономија, човечкото тело,
мистерии и друго. Се емитува од понеделник до петок во претпладневните часови.
ВТИСНАТО ВРЕМЕ
Документарна емисија запишани настани.Со емисиите “Дали знаевте“ и “Втиснато време“ формираме образовен блок кој има за цел на забавен начин да ги едуцира младите.
УРБАН КЛУБ Забавно – образовна емисија од млади за млади. Радио
магазин со интересни содржини : музички вести, предлог книга за
неделата, интервјуа, известување од културни настани, изложби, промоции
на книги, интерактивен контакт со слушателите на определена тема. Во
емисијата се емитува популарна музика од домашната и светската музичка
сцена. Се емитува во сабота од 19.30
до 21.00 часот.Емисијата има и репризно издание во скратена верзија што
се емитува во вторник во 19.10 часот.Во него се издвоени содржините со
претежно образовна функција.
ШЕТАЛИШТЕ Забавна
емисија со интерактивен карактер. Се емитува секој ден од 12.00 до
14.00 часот. Освен интерактивната комуникација со слушателите во
емисијата се објавуват и информации од најразличен карактер (инфо,
музички вести, жолт печат и др.) Емисијата се прекинува со рекламни блокови одделени со џингл “реклами“ и со временска прогноза што се емитува во 12.40 часот. Емисијата
има и вечерно издание кое трае 180 минути. Интерактивна програма со
посредство на СМС пораки и телефонски контакт со слушателите.
Преовладува различна тематика со индивидувална водителска обоеност што
варира од тематски содржини до ди-џеј забавен програм. За ноќните
седенки карактеристични се и гостувањеата на луѓе од различни профили
кои во контекст партиципираат содржински.
РАДИО ПЕРОН Забавно – информативна емисија што се емитува секој ден од понеделник до петок од 15.00 до 16.00 часот. Се презентираат занимливи информации од сите страни на светот. Најнови
достигнувања од медицината, науката и технологијата, феномени, необични
приказни од секојдневнииот живот на луѓето. Модни трендови, најнови
случувања во музиката и филмот. Емисијата се прекинува и со рекламни блокови кои се одделени со џингл “реклами“.
ИЗЛОГ Огласно
рекламна содржина посветена на чаршиско-стопанствениот еснаф,каде се
најавуваат одделни производи , продукти. Емисијата не е платен простор.
|